Лука 21:1-4 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Кога ги подигна очите, виде како богатите ги пуштаат своите прилози во ризницата на храмот.

2. Виде исто така и една бедна вдовица, која пушти таму две лепти,

3. па рече: „Вистина ви велам, оваа бедна вдовица од сите повеќе приложи;

4. сите овие дадоа прилози на Бога од својот вишок; таа, пак, пушти од својата немаштија – сиот имот што го имаше.“

Лука 21