Лука 20:4-8 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

4. Дали крштевањето Јованово беше од небото, или од луѓето?“

5. А тие почнаа да размислуваат и да си зборуваат меѓу себе: „Ако кажеме – од небото, ќе рече – Зошто не му поверувавте?

6. Ако, пак, речеме – од луѓето, тогаш сиот народ ќе нѐ каменува, бидејќи е уверен дека Јован беше пророк.“

7. Затоа одговорија: „Не знаеме од каде е.“

8. Исус им рече: „Ниту Јас нема да ви кажам со каква власт го вршам тоа.“

Лука 20