Лука 2:33-36 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

33. А Јосиф и мајка Му се восхитуваа на она што зборуваше за Него.

34. Па ги благослови Симеон и ѝ рече на Марија, мајката Негова: „Еве, Овој е поставен за паѓање и издигнување на мнозина во Израил, и е знак против Кого ќе се говори.

35. А и тебе самата, меч ќе ти ја прободе душата, за да се откријат мислите на многу срца.“

36. Таму беше и пророчицата Ана, ќерката Фануилова, од Асировото племе. Таа беше во поодминати години, а со мажот проживеала само седум години, по моминството свое.

Лука 2