Лука 18:31-34 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

31. И кога ги зеде со Себе Дванаесетмината, им рече: „Еве, се искачуваме кон Ерусалим и сѐ ќе се исполни, што напишале пророците за Синот Човечки:

32. дека ќе биде предаден на незнабошци и ќе се потсмеваат со Него, ќе Го измачуваат и ќе Го плукаат,

33. ќе Го бијат и ќе Го убијат, и на третиот ден ќе воскресне.“

34. Но тие ништо од ова не разбраа; овие зборови за нив беа сокриени и тие не сфатија што им кажа.

Лука 18