Лука 11:47-52 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

47. Тешко вам, што им ѕидате гробници на пророците, а нив ги убија вашите татковци;

48. Вие со тоа сведочите за делата на своите татковци и ги одобрувате, бидејќи тие ги убија, а вие им ѕидате гробници.

49. Затоа и мудроста Божја рече: ‚Ќе им пратам пророци и апостоли, и од нив едните ќе ги убијат, а другите ќе ги прогонат‘;

50. за да се побара од овој род крвта на сите пророци, пролеана од постанокот на светот;

51. од крвта на Авел па сѐ до крвта на Захарија, кој е убиен меѓу жртвеникот и храмот. Да, ви велам, ќе се побара од овој род.

52. Тешко вам, законици, зашто го зедовте клучот на познанието; сами не влеговте, а и на оние што сакат да влезат им попречивте.“

Лука 11