Лука 11:27-30 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

27. И додека го зборуваше тоа, една жена извика од народот и Му рече: „Блажена е утробата што Те носела, и градите од кои си се хранел!“

28. А Тој рече: „Навистина, блажени се оние што го слушаат словото Божјо и го чуваат.“

29. А на народот, што се собираше, почна да му зборува: „Овој род е зол род; бара знак, но нема да му се даде знак, освен знакот на пророкот Јона;

30. зашто, како што Јона беше знак за Ниневјаните, така и Синот Човечки ќе биде за овој род.

Лука 11