Лука 10:37-40 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

37. А тој одговори: „Оној што му искажа милосрдие.“ Исус му рече: „Оди и ти прави така!“

38. И додека патуваа, Тој влезе во едно село; една жена, по име Марта, Го прими во својот дом.

39. А таа имаше сестра што се викаше Марија. Таа седна до нозете Господови и го слушаше словото Негово.

40. Марта беше многу зафатена околу служењето и, кога пријде, Му рече: „Господи, зар не ти е грижа што сестра ми ме остави да служам сама? Кажи ѝ да ми помогне.“

Лука 10