Лука 1:10-17 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

10. За време на кадењето целиот народ се молеше надвор.

11. Тогаш му се јави ангел Господов, стоејќи од десната страна на кадилниот жртвеник.

12. Захарија се вознемири кога го виде и страв го обзеде.

13. Но ангелот му рече: „Не плаши се, Захарија, зашто твојата молба е услишена и жена ти Елисавета ќе ти роди син и ќе му ставиш име Јован.

14. И ќе ти биде радост и веселие; мнозина ќе се зарадуваат заради неговото раѓање.

15. Зашто тој ќе биде голем пред Господа и нема да пие вино ниту жесток пијалак, а ќе се исполни со Дух Свети уште во утробата на мајка си;

16. и многу Израилеви синови ќе ги обрати кон нивниот Господ Бог;

17. и тој ќе оди пред Него во духот и силата на Илија, за да ги сврти срцата на татковците кон децата, и непокорните кон мудроста на праведните, па да Му подготви на Господ народ подготвен.“

Лука 1