Јован 9:6-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

6. Штом го рече тоа, плукна на земја, направи кал со плунката и ги намачка со неа очите на слепиот,

7. и му рече: „Отиди и измиј се во бањата Силоам!“, што значи: „Испратен“. Тој отиде, се изми и дојде гледајќи.

8. А соседите и оние, што порано го беа гледале како слеп, рекоа: „Зар не е овој што седеше и просеше?“

9. Едни велеа: „Тој е“, а други: „Личи на него.“ Тој, пак, зборуваше: „Јас сум.“

10. Тогаш го прашаа: „Како ти се отворија очите?“

Јован 9