Јован 8:28-30 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

28. А Исус им рече: „Кога ќе Го издигнете Синот Човечки, тогаш ќе сфатите дека сум Јас и дека ништо не правам Сам од Себе, туку, како што Ме научи Мојот Отец, така и зборувам.

29. Оној што Ме прати е со Мене; Отецот не Ме остави Сам, зашто секогаш го вршам она што Му е угодно.“

30. Кога Тој го зборуваше ова, мнозина поверуваа во Него.

Јован 8