42. Не е ли речено во Писмото дека Христос ќе дојде од семето Давидово и од гратчето Витлеем, од каде што беше Давид?“
43. И така настана меѓу народот раздор за Него.
44. А некои од нив сакаа да Го фатат, но никој не стави рака врз Него.
45. Дојдоа, пак, слугите кај првосвештениците и фарисеите и овие им рекоа: „Зошто не Го доведовте?“
46. А слугите одговорија: „Никогаш човек не говорел така како Овој Човек.“
47. Тогаш им одговорија фарисеите: „Да не се прелагавте и вие?