Јован 6:31-35 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

31. Татковците наши јадеа мана во пустината, како што е напишано: ‚Леб од небото им даде да јадат.‘“

32. Но Исус им рече: „Вистина, вистина ви велам: не ви даде Мојсеј леб од небото, туку Мојот Отец ви дава вистински леб од небото.

33. Зашто лебот Божји е Оној, Кој слегува од небото и му дава живот на светот.“

34. Тогаш Му рекоа: „Господи, давај ни го секогаш тој леб!“

35. А Исус им рече: „Јас сум лебот на животот; кој доаѓа кај Мене, нема да огладни и кој верува во Мене, нема никогаш да ожедни.

Јован 6