Јован 5:10-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

10. Заради тоа Јудејците Му рекоа на исцелениот: „Сабота е и не треба да ја носиш својата постелка!“

11. Но тој им одговори: „Оној што ме излекува, ми рече: ‚Земи ја постелката своја и оди!‘“

12. А тие го прашаа: „Кој е тој човек што ти рече: ‚Земи ја постелката своја и оди?‘“

13. Но исцелениот не знаеше кој е, зашто Исус се беше оддалечил бидејќи на тоа место имаше многу народ.

14. Подоцна Исус го сретна во храмот и му рече: „Ете, сега си здрав и не греши веќе, за да не те снајде нешто полошо!“

Јован 5