Јован 4:6-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

6. Таму беше изворот на Јаков. Исус, пак, изморен од патот, седна покрај изворот; а беше околу шестиот час.

7. Дојде една жена од Самарија, за да полни вода. Исус ѝ рече: „Дај Ми да пијам!“

8. А учениците Негови беа отишле во градот да купат храна.

9. Жената Самарјанка Му рече: „Како Ти, Јудеец, бараш од мене, жена Самарјанка, да пиеш?“ Зашто Јудејците со Самарјаните не се мешаат.

10. Исус ѝ одговори и рече: „Кога би го знаела дарот Божји и Кој е Овој што ти вели: ‚Дај Ми да пијам‘ – ти самата би побарала од Него и Тој би ти дал жива вода.“

11. Жената Му рече: „Господи, Ти немаш ведро, а кладенецот е длабок; од каде, пак, имаш жива вода?

12. Зар си Ти поголем од нашиот татко Јаков, кој ни го даде овој кладенец!? И самиот тој пиеше од него, и синовите негови, и добитокот негов!“

13. Исус ѝ одговори и рече: „Секој што пие од оваа вода, пак ќе ожедни;

14. а кој пие од водата, што ќе му ја дадам Јас, нема никогаш да ожедни; таа во него ќе стане извор на вода што ќе тече во живот вечен.“

Јован 4