Јован 4:38-44 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

38. Јас ве испратив да го жнеете она за што не сте се труделе; други се трудеа, а вие влеговте во нивниот труд.“

39. И мнозина Самарјани од оној град поверуваа во Него поради зборовите на жената која сведочеше: „Ми кажа сѐ што сум направила.“

40. Кога дојдоа, пак, Самарјаните кај Него, Го замолија да остане кај нив. И Тој остана таму два дена.

41. И уште повеќе поверуваа поради словото Негово;

42. а на жената ѝ велеа: „Сега веќе не веруваме само заради твоето кажување, зашто сами чувме и знаеме дека Тој е Спасителот на светот, Христос.“

43. А по два дни, Тој замина оттаму и отиде во Галилеја.

44. Зашто Сам Исус беше посведочил дека пророкот во своето родно место нема чест.

Јован 4