16. Исус ѝ рече: „Оди, повикај го твојот маж и дојди тука!“
17. Жената одговори и Му рече: „Немам маж.“ Исус ѝ рече: „Право кажа дека немаш маж;
18. зашто петмина мажи си имала и овој, што го имаш сега, не ти е маж; право рече.“
19. Жената Му одговори: „Господи, гледам дека си Ти пророк!
20. Нашите татковци се поклонуваа на оваа планина, а вие велите дека во Ерусалим е местото каде што треба да се поклонуваме.“
21. Исус ѝ рече: „Жено, верувај Ми дека доаѓа време кога ниту на оваа планина, ниту во Ерусалим не ќе се поклонувате на Отецот.
22. Вие му се поклонувате на она што не го знаете, а ние се поклонуваме на она што го знаеме; зашто спасението е од Јудејците.