Јован 4:13-18 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

13. Исус ѝ одговори и рече: „Секој што пие од оваа вода, пак ќе ожедни;

14. а кој пие од водата, што ќе му ја дадам Јас, нема никогаш да ожедни; таа во него ќе стане извор на вода што ќе тече во живот вечен.“

15. Жената Му рече: „Господи, дај ми таква вода за да не ожеднувам, ниту да идам овде за полнење!“

16. Исус ѝ рече: „Оди, повикај го твојот маж и дојди тука!“

17. Жената одговори и Му рече: „Немам маж.“ Исус ѝ рече: „Право кажа дека немаш маж;

18. зашто петмина мажи си имала и овој, што го имаш сега, не ти е маж; право рече.“

Јован 4