11. Жената Му рече: „Господи, Ти немаш ведро, а кладенецот е длабок; од каде, пак, имаш жива вода?
12. Зар си Ти поголем од нашиот татко Јаков, кој ни го даде овој кладенец!? И самиот тој пиеше од него, и синовите негови, и добитокот негов!“
13. Исус ѝ одговори и рече: „Секој што пие од оваа вода, пак ќе ожедни;
14. а кој пие од водата, што ќе му ја дадам Јас, нема никогаш да ожедни; таа во него ќе стане извор на вода што ќе тече во живот вечен.“
15. Жената Му рече: „Господи, дај ми таква вода за да не ожеднувам, ниту да идам овде за полнење!“
16. Исус ѝ рече: „Оди, повикај го твојот маж и дојди тука!“
17. Жената одговори и Му рече: „Немам маж.“ Исус ѝ рече: „Право кажа дека немаш маж;
18. зашто петмина мажи си имала и овој, што го имаш сега, не ти е маж; право рече.“