Јован 3:31-35 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

31. „Кој доаѓа одозгора, тој е над сите; а кој е од земјата, земен е и како земен зборува. Кој доаѓа од небото, Тој е над сите.

32. И за она што виде и чу, за тоа сведочи; и сведоштвото Негово никој не го прима.

33. А тој што го примил Неговото сведоштво потврдил дека Бог е вистинит.

34. Бидејќи, тој што е испратен од Бога, кажува Божји зборови; зашто Бог Го дава Духот неизмерно.

35. Зашто Отецот Го љуби Синот и сѐ Му даде во раката Негова.

Јован 3