Јован 18:9-12 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

9. за да се изврши словото кажано од Него: „Од оние што си Ми ги дал, никого не загубив.“

10. А Симон Петар, кој имаше нож, го извади, го удри слугата на првосвеш­те­никот и му го отсече десното уво. Името на слугата му беше Малх.

11. Но Исус му рече на Петар: „Стави го ножот во ножницата. Зар да не ја испијам чашата што Ми ја даде Отецот?“

12. Тогаш четата и заповедникот, и слугите јудејски, Го фатија Исуса и Го врзаа.

Јован 18