Јован 17:9-12 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

9. Јас за нив се молам; не се молам за сиот свет, туку за оние што си Ми ги дал, зашто се Твои.

10. И сѐ Мое е Твое, и Твоето – Мое, и се прославив во нив.

11. Веќе не сум во светот, но тие се во светот, а Јас идам кај Тебе. Оче Свети, запази ги во Твоето име оние што си Ми ги дал, за да бидат едно, како што сме и Ние.

12. Додека бев со нив во светот, Јас ги пазев во Твоето име; оние, што си Ми ги дал, ги зачував, и никој од нив не погина, освен погибелниот син, за да се исполни Писмото.

Јован 17