Јован 16:1-3 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. „Ова ви го кажав за да не се соблазните.

2. Ќе ве истеруваат од синагогите. Но, ќе настапи време кога секој што ќе ве убие, ќе мисли дека на Бога Му принесува служба.

3. Тоа ќе го прават, зашто не Го познаа Отецот, ниту Мене.

Јован 16