Јован 13:34-38 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

34. Нова заповед ви давам: да се љубите еден со друг; како Јас што ве возљубив, така и вие да се љубите еден со друг.

35. По тоа ќе ве познаат сите дека сте Мои ученици, ако имате љубов меѓу себе.“

36. Симон Петар Му рече: „Господи, каде одиш?“ Исус му одговори: „Каде што Јас одам, ти не можеш сега да дојдеш по Мене, но подоцна ќе дојдеш по Мене.“

37. Петар Му рече: „Господи, зошто не можам да одам по Тебе сега? Животот свој ќе го положам за Тебе.“

38. Исус му одговори: „Животот ли ќе го положиш за Мене? Вистина, вистина ти велам: нема петел да запее, додека ти трипати не се одречеш од Мене!“

Јован 13