Јован 12:30-34 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

30. Исус одговори и рече: „Овој глас не беше заради Мене, туку заради вас.

31. Сега е судот на овој свет; сега кнезот на овој свет ќе биде исфрлен надвор.

32. И кога Јас ќе бидам издигнат од земјата, сите ќе ги привлечам кон Себе.“

33. А ова го зборуваше за да покаже со каква смрт ќе умре.

34. Народот Му одговори: „Сме слушале од Законот дека Христос вечно ќе остане, а како Ти велиш дека Синот Човечки треба да биде издигнат? Кој е Тој Син Човечки?“

Јован 12