Јован 11:51-55 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

51. А ова не го рече тој сам од себе, туку, бидејќи беше првосвештеник таа година, прорече дека Исус ќе умре за народот;

52. и не само за народот, туку и за да ги собере заедно растурените Божји чеда.

53. Од тој ден се согласија да Го убијат.

54. Заради тоа Исус веќе не одеше јавно меѓу Јудејците, а оттаму отиде во крај, близу една пустина, во градот наречен Ефрем, и таму се задржа со учениците Свои.

55. А се наближуваше Пасха јудејска и мнозина од тој крај отидоа во Ерусалим пред Пасха, за да се очистат.

Јован 11