Јован 11:42-45 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

42. Јас знаев дека Ти секогаш Ме услишуваш; но ова го реков заради народов што стои наоколу, за да поверуваат дека Ти си Ме пратил.“

43. Кога го рече ова, извика со силен глас: „Лазаре, излези надвор!“

44. излезе умрениот, завиткан во платно по рацете и нозете; а лицето забрадено со крпа. Им рече Исус: „Одвиткајте го и оставете го да оди!“

45. Тогаш мнозина од Јудејците што беа дошле со Марија и видоа што направи Исус, поверуваа во Него.

Јован 11