Јован 11:13-19 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

13. Исус го рече тоа за смртта негова, а тие мислеа дека говори за заспивање со сон.

14. Тогаш Исус рече отворено: „Лазар умре!

15. Но се радувам заради вас што не бев таму, та да поверувате – туку, да отидеме кај него.“

16. Тогаш Тома, наречен Близнак, им рече на учениците: „Да отидеме и ние да умреме со него.“

17. Кога дојде Исус, откри дека тој веќе четири дена е во гроб.

18. А Витанија беше близу до Ерусалим, околу петнаесет стадии;

19. и мнозина Јудејци беа дошле кај Марта и Марија да ги утешат за нивниот брат.

Јован 11