Јован 10:2-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

2. а кој влегува низ вратата, пастир е на овците;

3. нему вратарот му отвора и овците го слушаат гласот негов, тој ги вика своите овци по име и ги изведува.

4. И кога ќе ги изведе овците свои, оди пред нив, овците одат по него, бидејќи го познаваат гласот негов;

5. а по туѓ човек не одат, туку ќе побегнат од него, зашто гласот на туѓиот не го познаваат.“

6. Оваа парабола им ја кажа Исус, но тие не разбраа што беше тоа што им говореше.

Јован 10