Јован 10:14-17 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

14. Јас сум добриот Пастир; и ги знам Моите, и Моите Ме знаат Мене.

15. Како Мене што Ме познава Отецот, така и Јас Го познавам Отецот; и животот Свој го полагам за овците Свои.

16. И други овци имам, што не се од ова трло, и нив треба да ги приберам; и ќе го чујат гласот Мој и ќе биде едно стадо и еден пастир.

17. Затоа Ме љуби Отецот, зашто Јас животот Свој си го полагам за да го примам пак.

Јован 10