Јован 1:48-51 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

48. Натанаил Му рече: „Од каде ме познаваш?“ Исус му одговори и рече: „Уште пред да те повика Филип, кога беше под смоквата, Јас те видов.“

49. Му одговори Натанаил и рече: „Рави! Ти си Син Божји, Ти си Царот на Израил!“

50. А Исус, одговарајќи, му кажа: „Дали веруваш, бидејќи ти реков дека те видов под смоквата? Ќе видиш повеќе од ова.“

51. И пак рече: „Вистина, вистина ви велам: отсега ќе го гледате небото отворено и ангелите Божји како се искачуваат и слегуват над Синот Човечки.“

Јован 1