Јован 1:39-51 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

39. Им рече: „Дојдете и видете!“ Тие отидоа и видоа каде живее и останаа тој ден кај Него. Беше околу десеттиот час.

40. А еден од двајцата, што беа чуле за Исус и беа тргнале по Него, беше Андреј братот на Симон Петар.

41. Тој прво го најде брата си Симона и му рече: „Го најдовме Месијата, што значи: Христос.“

42. И го одведе кај Исуса. А Исус го погледна и му рече: „Ти си Симон, синот на Јона; ти ќе се наречеш Кифа, што значи: Петар.“

43. На другиот ден Исус намисли да отиде во Галилеја и го најде Филип, па му рече: „Врви по Мене!“

44. А Филип беше од Витсаида, од градот на Андреј и Петар.

45. Филип го најде Натанаил и му рече: „Го најдовме Оној за Кого пишуваше Мојсеј во Законот и Пророците – Исус, синот Јосифов од Назарет!“

46. А Натанаил му рече: „Може ли нешто добро да излезе од Назарет?“ Филип му рече: „Дојди и види!“

47. Исус, кога го виде Натанаил како доаѓа кај Него, рече: „Еве вистински Израилец, во кого нема лукавство!“

48. Натанаил Му рече: „Од каде ме познаваш?“ Исус му одговори и рече: „Уште пред да те повика Филип, кога беше под смоквата, Јас те видов.“

49. Му одговори Натанаил и рече: „Рави! Ти си Син Божји, Ти си Царот на Израил!“

50. А Исус, одговарајќи, му кажа: „Дали веруваш, бидејќи ти реков дека те видов под смоквата? Ќе видиш повеќе од ова.“

51. И пак рече: „Вистина, вистина ви велам: отсега ќе го гледате небото отворено и ангелите Божји како се искачуваат и слегуват над Синот Човечки.“

Јован 1