Јован 1:10-16 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

10. Во светот беше и светот преку Него постана, но светот не Го позна.

11. Дојде кај Своите, но Своите не Го примија.

12. А на сите што Го примија – на сите што веруваа во Неговото име – им даде моќ да станат чеда Божји;

13. кои не се родија од крв, ниту по желба на телото, ниту од похот машка, туку од Бога.

14. И Словото стана тело и се всели меѓу нас, полно со благодат и вистина; и ние ја видовме Неговата слава, слава како на Единороден од Отецот.

15. Јован сведочеше за Него и велеше зборувајќи: „Ова е Тој за Кого реков: Оној, Кој иде по мене, Тој е пред мене, бидејќи постоеше порано од мене!“

16. И од Неговата полнота ние сите примивме благодат врз благодат;

Јован 1