Јаков 5:16-20 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

16. Исповедајте си ги гревовите еден на друг и молете се еден за друг за да се исцелите. Голема сила има усрдната молитва на праведникот.

17. Илија беше човек смртен, како и ние, и со молитва Му се помоли на Бога да нема дожд, и не падна дожд на земјата три години и шест месеци.

18. И пак се помоли, па небото даде дожд и земјата го даде својот плод.

19. Ако, браќа, некој од вас се отклони од вистината, и ако некој друг го пов­ра­ти,

20. тој нека знае дека оној што обрати грешник од лажлив пат, спасува една ду­ша од смрт и ќе покрие многу грево­ви. Амин

Јаков 5