Јаков 3:1-3 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Не барајте, браќа мои, мнозина да станете учители, зашто знаете дека поголемо осудување ќе добиеме.

2. Сите ние многу грешиме. Но оној, кој во зборови не греши, тој е совршен човек, силен да го заузда и целото тело.

3. Ете, ако и ние на коњите им ставиме узда на устите, за да ни се покоруваат, тогаш управуваме со целото нивно тело.

Јаков 3