Галатјаните 5:9-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

9. Малку квас го потквасува целото тесто.

10. Јас сум уверен за вас во Господ дека вие нема да мислите инаку; а оној, кој ве збунува, – кој и да бил, – ќе претрпи осуда.

11. А јас, браќа, ако обрезанието уште го проповедам, тогаш за што ќе ме го­нат? Тогаш би исчезнала соблазната од крстот.

12. О, да беа отсечени оние што ве бунеа!

13. Вие, браќа, повикани сте кон слобода; но слободата ваша да не ви служи како повод за угодување на телото, туку со љубов служете си еден на друг.

14. Зашто, целиот Закон се извршува во еден збор, односно: сакај го ближ­ни­от како самиот себе.

Галатјаните 5