Галатјаните 4:1-4 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Но ви велам: наследникот, додека е млад, со ништо не се разликува од робот, макар што е господар над сѐ;

2. туку е под настојници и чувари до определениот рок од неговиот татко.

3. Па така и ние, додека бевме малолетни, бевме поробени од стихиите на светот;

4. но, кога се исполни времето, Бог Го испрати Својот Син, Кој се роди од же­на и се потчини на Законот,

Галатјаните 4