Галатјаните 3:6-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

6. Така, Авраам Му поверува на Бога, и тоа му се сметаше за праведност.

7. Знајте, пак, дека оние што се потпираат на верата, се синови Авраамови.

8. И Писмото, предвидувајќи дека Бог преку вера ги оправдува незнабошците, однапред му благовести на Авраам: „Во тебе ќе бидат благословени сите народи.“

9. И така, оние што веруваат, се бла­гословени заедно со верниот Авраам;

10. а сите оние, што се од делата на Законот, под клетва се. Зашто е на­пи­шано: „Проклет да е секој кој не исполнува постојано сѐ што е напишано во книгата на Законот!“

Галатјаните 3