1. О неразумни Галатјани! Кој ве маѓепса та не се покорувате на вистината вас, пред чии очи Исус Христос беше јасно насликан распнат меѓу вас?
2. Само ова сакам да го дознаам од вас: преку делата на Законот ли го добивте Духот или преку пораката на верата?
3. Толку ли сте неразумни? Откако почнавте со Духот, со телото ли сега завршувате?
4. Зарем залудо толку многу претрпевте? Да беше само залудо!