Галатјаните 2:18-20 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

18. Зашто, ако одново го градам она што сум го урнал, тогаш и сам станувам престапник;

19. преку Законот умрев за Законот, за да живеам за Бога. Се распнав заедно со Христос;

20. и јас веќе не живеам, туку Христос живее во мене. А тоа што сега живеам во тело, живеам со верата во Синот Божји, Кој ме возљуби и Себе се пре­даде за мене.

Галатјаните 2