2. и сите браќа што се со мене – до црквите во Галатија;
3. благодат и мир вам од нашиот Бог Отец и од Господ Исус Христос,
4. Кој се даде Себе за нашите гревови, за да нѐ избави од сегашниот зол свет, по волјата на Бога, Кој е наш Отец.
5. Нему нека Му е слава во вечни векови. Амин!
6. Се чудам што така брзо се одвратувате од Оној Кој ве повика преку благодатта Христова, и преминувате кон друго Евангелие,