9. И се молам вашата љубов сѐ повеќе и повеќе да изобилува преку познанието и разбирањето на сѐ,
10. за да можете да го распознавате најдоброто, та да бидете чисти и беспрекорни во денот на Христос,
11. полни со плодот на праведноста, кој е преку Исус Христос, за слава и пофалба на Бога.
12. Сакам, браќа, да знаете дека тие работи, што ми се случија, придонесоа за поголем успех на Евангелието,
13. така што во целата преторија и меѓу сите други стана познато дека сум во окови за Христа;
14. и дека повеќето од браќата во Господ, поттикнати од моите окови, се осмелија, без страв да го проповедаат словото Божјо.
15. Некои, навистина, од завист и желби за кавга, а други од добра волја Го проповедаа Христос: