4. – во секоја моја молитва се молам со радост за сите вас –
5. заради вашето учество во Евангелието од првиот ден, па сѐ досега,
6. уверен во тоа дека Оној, Кој го започна во вас доброто дело, ќе го доврши сѐ до Денот на Исус Христос.
7. И право е да го мислам тоа за сите вас, зашто секогаш ве носам во срце – и кога сум во окови, и кога го бранам и утврдувам Евангелието, бидејќи сите вие сте мои соучесници во благодатта.