Евреите 7:18-26 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

18. А, пак, одменувањето на поранеш­ната заповед се изврши поради тоа што таа беше слаба и бесполезна,

19. зашто Законот ништо не доведува до совршенство; а се воведе подобра на­деж, преку која се приближуваме до Бога.

20. Тоа беше потврдено со заклетва.

21. Зашто оние беа станале свештеници без заклетва, а Тој – со заклетва, преку Оној Кој Му рече: „Се заколна Господ и нема да се раскае: ,Ти си вечен свештеник по чинот Мелхиседеков.‘“

22. Затоа Исус стана залог на толку подобар завет.

23. А тие беа многу свештеници, зашто смртта не им даваше да остане само еден;

24. а Тој, бидејќи живее вечно, има свештенство што нема да мине на друг.

25. Затоа Тој и може за вечно да ги спаси оние што преку Него доаѓаат кон Бога, бидејќи е секогаш жив за да се моли за нив.

26. Таков Првосвештеник и ни тре­ба­ше: свет, непорочен, неосквернет, од­во­ен од грешниците и возвишен над небесата.

Евреите 7