Евреите 7:13-17 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

13. А Оној за Кого се зборува ова, се вбројува во друго колено, од кое никој не беше пристапувал до жртвеникот;

14. зашто е познато дека Господ наш произлезе од Јуда, а за свештенството од ова колено Мојсеј ништо не рекол.

15. И уште појасно станува тоа кога се воздига слично на Мелхиседек друг свештеник,

16. Кој станал таков не по силата на те­лесна заповед, туку по силата на веч­ниот живот.

17. Зашто се посведочи: „Ти си вечен свештеник по чинот на Мелхиседек.“

Евреите 7