Евреите 13:8-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

8. Исус Христос е ист вчера, и денес, и во вечни векови.

9. Не бидете завлечени од разни туѓи учења; зашто е добро со благодат да се поткрепува срцето, а не со уредби за јадења, од кои немаа никаква полза оние што ги применуваа.

10. Ние имаме жртвеник од кого не­ма­ат право да јадат оние што ѝ служат на скинијата,

11. бидејќи телата на животните, чија крв првосвештеникот ја внесува во светилиштето за очистување на грево­вите, се изгоруваат надвор од живе­алиштето.

12. Затоа и Христос, за да ги освети лу­ѓето со крвта Своја, пострада надвор од градските порти.

13. И така, да Му пристапуваме надвор од живеалиштето, носејќи ја Неговата поруга,

14. бидејќи овде немаме постојан град, туку го очекуваме оној што ќе дојде.

Евреите 13