19. Уште повеќе ве молам да го вршите ова, та поскоро да се вратам меѓу вас.
20. А Бог на мирот, Кој преку крвта на вечниот завет Го воздигна од мртвите големиот Пастир на овците – нашиот Господ Исус Христос,
21. нека ве усоврши во секое добро дело за да ја исполните Неговата волја, вршејќи го во вас она што Му е Нему благоугодно, преку Исус Христос, Нему слава во вечни векови, Амин!
22. Ве молам, браќа, трпеливо примете го ова поучно слово: зашто накратко и ви напишав и испратив.
23. Знајте дека братот Тимотеј е ослободен, со кого, ако дојде навреме, ќе ве видам.
24. Поздравете ги сите ваши учители и сите светии! Ве поздравуваат браќата што се од Италија.
25. Благодат со сите вас. Амин!