20. Со вера Исак го благослови Јаков и Исав за иднината.
21. Со вера Јаков на умирање го благослови секого од синовите на Јосиф и „им се поклони, потпирајќи се на врвот од жезолот свој.“
22. Со вера Јосиф на умирање спомна за излегувањето на синовите Израилеви од Египет и им даде упатства за коските свои.
23. Со вера Мојсеј, откако се роди, три месеци беше криен од родителите свои, зашто видоа дека детето е убаво, и не се уплашија од царската заповед.
24. Со вера Мојсеј, кога порасна, се откажа да се нарече син на фараоновата ќерка
25. и повеќе сакаше да страда заедно со народот Божји, отколку да ужива во минливите гревовни наслади.
26. Страдањето заради Христос го сметаше за поголемо богатство, отколку ризниците на Египет; зашто предвид ја имаше наградата.