14. Затоа е речено: „Стани ти што спиеш, воскресни од мртвите, и Христос ќе те осветли!“
15. Па така, внимавајте добро како живеете! Не како безумни, туку како мудри;
16. ползувајте го времето, зашто дните се лукави.
17. Затоа немојте да бидете неразумни, туку распознајте што е волјата Божја!
18. И не опивајте се со вино, во него има разврат, но исполнете се со Дух.