Дела 9:33-36 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

33. Таму, пак, најде еден човек по име Енеј, кој цели осум години лежел на постела, зашто бил неподвижен.

34. И Петар му рече: „Енеј, тебе те ис­целува Исус Христос. Стани и направи си ја постелата сам!“ И тој веднаш ста­на.

35. И го видоа сите што живееја во Ли­да и во Сарон, и се обратија кон Господ.

36. Во Јопија имаше една ученичка, по име Тавита, што значи срна; таа беше исполнета со милостина и добри дела, што ги правеше.

Дела 9