24. Но Савле дозна за нивниот заговор. Тие, пак, дење и ноќе го чекаа на портата за да го убијат.
25. Затоа учениците го зедоа ноќе и в кошница го спуштија по ѕидот.
26. А кога пристигнаа во Ерусалим, Савле настојуваше да им се придружи на учениците; но сите се плашеа од него, бидејќи не веруваа дека тој навистина е ученик.
27. Варнава, пак, го зеде и го одведе кај апостолите, па им раскажа како Савле по патот Го видел Господа, дека Господ му зборувал, а исто така и дека во Дамаск отворено го проповедал името на Исус.